ekonomska i monetarna politika na eu

18
Tema: Економска и мonetarnata politika na EU

Upload: batanm3623

Post on 18-Nov-2014

171 views

Category:

Documents


8 download

TRANSCRIPT

Page 1: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

Tema:

Економска и мonetarnata politika na EU

Skopje, 2009

Page 2: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

Sodжина

1. Вовед............................................................................................32. Кратка историја на Европската монетарна унификација........4

3. Економска и монетарна политика на ЕУ.................................6

3.1 Функции и текови од почетокот до формирањето на ЕМУ...63.2 Креирање на преодна фаза и создавање на ЕМС....................73.3 Формирање на ЕМУ...................................................................83.4 Институционални услови за одржување на ЕМУ.................104. Случајот со Република Македонија.........................................115. Користена литература...............................................................13

2

Page 3: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

1. Вовед

Идејата водилка за настанокот на денешната Европска унија е концептот на заедничкото живеење на еден континент, кој би ги наджиеал националните антагонизми.

Naчелата кои ги повруваат државите соединети во ЕУ се засноваат на мир, единство, слобода, демократија, почитување на човековите права и основните слободи, како и поцитување на националниот идентитет на државите членки на ЕУ.

За членство во Унијата тежнеат сите држави кои не се вклучени сеуште во процесот на интеграција.Меѓу нив, спаѓа и нашата држава Република Македонија, која има добиено статус на држава кандидатка, но сеуште нема отпочнато преговори за членство.

Една од основните политики кои ги води Унијата е Економската и монетарната политика.По долгите колебања од страна на државите членки за воведувањето на единствена монетарна политика, Европската Унија со воведувањето на еврото, како единствена валута, на 01.01 1999, успеа да навлезе во една нова фаза на меѓусебна доверба и зацврстување на економската стабилност со што го достигна врвот на дотогашните интеграциски процеси.

Оваа тема говори за патот на Европската унија од основањето до создавањето на ЕМУ, кратка историја, преодната фаза, формирањето на ЕМУ и еврото како единствена валута, институциите за одржување на ЕМУ и координацијата на различните политики.

3

Page 4: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

2. Кратка историја на Европската монетарна унификација

Монетарната унификација отсекогаш била центар на големиот процес на Европската интеграција. Економски, креирањето на единствена валута одамна била сметана за неопходна за навистина да се интегрира Европскиот пазар. Политички, монетарната унификација била гледана како чекор напред кон способноста да се формира социјална и надворешна политика на Европско ниво.

Сериозни дискусии за монетарна унификација датираат уште од 50-тите и 60-тите години . Во тој период монетарнта политика се засновала главно на дирекни контроли. Банките и другите финансиски институции имале разновидни рестрикции за тоа што можат да работат. Често биле ограничувани за износот кој можеле да го позајмат. Гувернерите дирекно им пристапувале и им давале сугестии за тоа што можат да променат во нивниот начин на работа. Овој период е исто така познат по силната контрола на промена на валути. Банките и индивидуалците имале стрикни ограничувања за износот кој можеле да го променат во други валути. При патувањето во странство, износот на променетите валути морал да биде запишан во пасошот. Но работите оттогаш се промениле.

Во 70-тите многу поголемо внимание било посветено на монетарната политика. Ова делумно било така поради колапсот на режимот на фиксна девизна стапка ( издадена од Бретон Вудс конференцијата во 1944 г.) и појавата на променливата девизна стапка. Како и да, можеби најзначајно за овој период е појавата на голема инфлација и зголемување на цената на нафтата до износи кои дотогаш не биле видени. Во 1971 г. Велика Британија се одвоила од претходните дирекни контроли со тоа што квантитативните ограничувања за заеми биле зголемени а каматните стапки станале поповолни. Оваа нова рамка била позната како Конкуренција и кредитна контрола. Во 1971 г. САД одлучиле да ја укинат фиксната врска меѓу доларот и цената на златото која ја одржуваше

4

Page 5: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

глобалната монетарна стабилност по Втората Светска војна. Тоа стави крај на фиксниот девизен курс. Со цел да создадат сопствена монетарна унија земјите на ЕУ одлучија да го спречат флуктуирањето на девизниот курс на 2.25 % меѓу европските валути по пат на интервенција на девизните пазари. Сето ова резултираше да се создаде Европскиот монетарен систем (ЕМС) кој започна да функционира во 1979 г.

Во 80-тите е карактеристично дека започнала нова политика која го воведува терминот понуда на пари. Имено, отпочнала политика која поставила нови цели за развојот на понудата на пари неколку години однапред. Но, се чини дека врвот на монетарната политика дошол во почетокот на 90-тите кога во јуни 1989г. На Самитот на Европскиот совет во Мадрид лидерите на ЕУ усвоија план за формирање економска и монетарн унија во три фази.Овој план стана дел од Договорот во Мастрихт за европската унија, усвоен од страна на Европскиот совет во декември во 1991 г.

Одредбите на Договорот во Мастрихт за Економската монетарна унија, ратификуван во 1993 г., во голема мерка се засноваат врз претставите од Делоровиот извештај(1989), кој предвидувал создавање на ЕМУ во три фази. Целите на првата фаза која започна на 1 јули 1990г. Всусностбеа, либерализација на прометот со капитал, јакнење на монетарно-политичката координација, како и започнување на работите врз натамошнитенеопходни изменина Договорот. Веќе кон крајот на 90-тите почна со работа соодветна Меѓувладина конференција беше подготвен статут- на Европската централна банка. Најважен чекор во втората фаза, која почна во 1994г. Беше основањето на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) со, во прво време , сеуште ограничени овластувања. И земјите шленки на ЕУ мораа да обезбедат независност на своите емисиони банки.Третата фаза , што започна во 1999 г.неотповикливо ги фиксира девизните курсеви, создаде заедничка валута и монетарната политика ја преведе во заедничка политика .

5

Page 6: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

3. Економска и монетарна политика на ЕУ

3.1 Функции и текови од почетокот до формирањето на ЕМУ

Dogovorot od Rim ne e mnogu jasen okolu makroekonomskoto i monetarnoto integrirawе na Evropa. Toj e samo ovоzmoжува зачеток на интеграцијата и е дизајниран да обезбеди соодветно функционирање на заедничкиот пазар на стоки, услуги и производни фактори. На почетокот целта на економската и монетарната политика на ЕУ била да обезбеди

1. Рамнотежа на нејзиниот вкупен платен биланс

2. Доверба во нејзината валута

3. Висок степен на вработеност

4. Стабилни цени

За да се остварат овие цели, биле употребени три инструменти

1. Координирање на нациионалните екномски политики , особено цикличните политики

2. Стабилизирање на девизните курсеви

3. Помош (од аспект на кредити) во случај на проблеми во платниот биланс.

Улогата на ЕУ од аспект на монетарната политика не е однапред утврдена со Договорот од ЕЕЗ, но не е ниту децидно исклучена. Таков е случајот со еден инструмент на макроекономската политика.Имено, ЕУ не може да спреведува буџетска политика , бидејќи трошоците и приходите мора да бидат избалансирани секоја година. Ако изворите на пари се

6

Page 7: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

помалку, тогас секоја земја членка треба да даде, бидејќи ЕУ не смее да собира пари преку даноци. При доделувањето моќ на ЕУ за економската и монетарната политика, во тој период се внимавало многу. Можеби , поради системот кој владеел во тој период Бретон Вудс системот за фиксни девизни курсеви, кој функционирал одлично и сите европски економии се наоѓале во во фаза на долгорочен економски раст и затоа целото внимание им било посветено на краткорочните и среднорочните политики.

3.2 Креирање на преодна фаза и создавање на ЕМС

Додека се одвивал процесот на европска интеграција , станало јасно дека системот за координирање имал неколку слабости. За да се реши проблемот, повеќе требало унифицирање, отколку координирање. Биле направени неколку предлози за реализирање на економската и монетарната унија. Во 1969 г. На самитот во Хаг, лидерите на државите и владите се договориле за создавање на економска и монетарна унија и побарале од Комисијата да подготви предлози за постепео реализирање на нејзините елементи, особена на единствена валута. Сепак, како последина на настаните што се случувале во 70-тите години овие планови морале да бидат одложени.

Во периодот кога економистите биле безнадежно поделени на оние кои биле за предностите на системот на слободни девизни курсеви и оние кои биле за најдобриот пат до монетрана стабилност, тројца државници донеле одлука да излезат од ќорсокакот. Тие предложиле нецелосна монетарна унија како преодна фаза до целосната монетарна унија. Оваа идеја била реализирана преку создавањето на Европски монетарен систем (ЕМС).

Главната цел на ЕМС била да создаде краткорочна стабилност на девизниот курс во Европа. Ова во пракса било спроведено со воведувањето на ена нова парична единица ЕКУ и механизам на девизан курс (ЕРМ). ЕКУ е создадено од валутите на сите земји-членкии така тоа има влијание врз финансискиот идентитет на целата ЕУ.Секоја национлна валута учествувала со одреден дел во ЕКУ. За националните валути кои учествуваат во ЕРМ,

7

Page 8: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

биле утврдени соодветни паритети (основни или водечки курсеви) во однос на ЕКУ со што биле дефинирани и сите билатерални курсеви за размена меѓу овие валути. Заедно тие формирале мрежа на паритети. Пазарната вредност на валутите постојано се менувала како последица на промените во побарувачката и понудата.Како резултат на тоа се појавиле разлики меѓу централниот и реалниот курс. Но, стабилноста била регулирана со тоа што монетарните власти на менувачките пазари дозволувале пазарниот курс да флуктуира само до одредени граници. Во почетокот овие граници биле мали , но подоцна се зголемиле. Целта на ЕМС била двојна. Првата била стабилизација на девизните курсеви, а втората поефикасни пазари.

3.3. Формирање на ЕМУ

ЕМС имал многу слабости.Притоа има помал број на предности во однос на предностите кои ги нуди целосната монетарна унија. Комитетот под водство на претседателот на комисијата, разви нов план з работа (Делоров план 1989г.) Комитетот бил составен од членови од Комисијата, гувернери на националните банки и голем број независни експерти. Тој бил силно поддржан од деловната заедница која на потешкиот начин станала свесна за слабите страни на монетарниот хаос. Предлогот бил основа за преговори кој резултирал со склучување договор за создавање на ЕМУ во три фази.

Првата фаза која започна на 1 јули 1990 г. Вклучуваше

Целосно слободно двизење на капиталот во рамките на ЕУ(контролите при размена беа укинати)

Зголемување на износот на средства наменети за отстранување на нееднаквостите меѓу европските региони

Економска конвергенција, меѓу мултилатерален надзор над економските политики на сите земји членки.

Втората фаза која започна на 1 јнуари 1994, предвидуваше

8

Page 9: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

Основање на Европски монетарен институт(ЕМИ) во Франкфурт кој беше составен дел од гувернерите на централните банки на земјите на ЕУ. ЕМИ е предвесник на ЕЦБ

Независност на националнитецентрални банки и Правила за контролирање на националните буџетски дефицити.

Трета фаза беше раѓањето на еврото. На 1 јануари 1999 г. 11 земји членки го прифатија еврото како заедничка валута на Австрија, Белгија, Холандија Луксембург, Германија, Италија, Франција, Финска, Шпанија, Ирска и Португалија.Грција се приклучи една година покасно.

Од тој момент Европската Централна Банка ја превзема одговорноста од ЕМИ и стана надлежна за монетарната политика во ЕУ која се дефинира и спроведува во евра. Така еврото станува званична валута во ЕУ. Но за да се прифати еврото треба да се исполнуваат одредени услови, дефинирани со Договорот од Мастрихт(1993). Секоја земја членка за да влезе во третата фаза треба да исполнива пет услови, наречени конвергентни услови.

Стабилност на цените, стапката на инфлација не смее а ги надмине просечните стапки на инфлација на трите земји-членки со најниска инфлација за повеке од 1.5 %

Каматни стапки, долгорочните каматни стапки не смеат да варираат за повеке од 2% одпросечнитекаматни стапки на трите земји членки со најниски каматни стпки

Дефицит на буџетот, националниот дфицит на буџетот да биде под 3 %од БДП

Јавен долг, не смее да го надмине износот од 60% од БДП Стабилност на девизниот курс мора да остане во рамките на

дозволената граница на флуктуирање за претходните две години.

9

Page 10: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

3.4 Институционални услови за одржување на ЕМУ

Креирањето и имплементирањето на монетарната политика во еврозоната е ексклузивно право на Европската Централна Банка (ЕЦБ). ЕЦБ еопределена од страна на националните централни банки на земјите од еврозоната.ЕЦБ е примарно одговорна за креирање на политиката а националните банки за имплементирање на политиката.

Независноста на ЕЦБ е загарантирана на неколку начини, со одредби од договорот на ЕУ.Како прво, со долгорочниот мандат што им е обезбеден на нејзините членови на извршниот одбор и нејзините гувернери. Постои забрана да се влијае врз ЕЦБ од страна на националните влади и одлуки на националните банки. Исто така е забрането секакво финансирање на анционални влади или институции на ЕУ од страна на ЕЦБ. За нејзината политика ЕЦБ е одговорна пред Европскиот Парламент.

Примарна цел на ЕЦБ е стабилност на цените. Без предрасуди за таа цел , ЕЦБ ке ги поддржува и целите на економската политика , како што се , постојан раст, висока вработеност и економска поврзаност меѓу земјите членки.Во спреведувањето на нејзината монетарна политика, ЕЦБ влијае врз монетарните агрегати и инфлацијата. На крајот, таа ќе го надгледува варирањето на индикаторите, како што се промени во монетарната основа, цените и платите, девизниот курс на еврото и движењето на пазарот на средства.

10

Page 11: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

За извршување на нејзината монетарна политика , ЕУ избрала пазарно-ориентирани инструменти. Меѓу нив се барање на резерва во готовина и операции на отворен пазар.

4. Случајот со Република Македонија

Во случајот на Република Македонија последниот извештај на Европската комисија (објавен во Ноември 2008) заклучува дека

Макроекономската стабилност генерално се одржува, иако помалку поволното меѓународно окружување поттикна нагло зголемување на инфлацијата и зголемување на надворешната нерамнотежа. Напредокот во намалувањето на бариерите за влез и излез од пазарот продолжува, а бројот на нерешени имотни спорови се намали уште повеќе. Финансиското посредништво се продлабочи, а надзорот на финансискиот пазар е зајакнат. Финансиската независност на одредени супервизорски и регулаторни органи е зајакната. Меѓутоа, и покрај значајниот напредок во подобрување на деловното окружување, сè уште бавните судски процедури и понекогаш неефикасните ресурси на супервизорските и регулаторните агенции сè уште го попречуваат владеењето на правото, извршувањето на договорите и создавањето на еднакви правила на игра за пазарните учесници, кои се клучни елементи за целосно функционални пазари

Овој заклучок, како и коментарите и сугестиите дадени по секој од погоре споменатите параметри, во суштина треба да го одредат правецот vо кој Република Македонија треба да се движи во функција на исполнување на економскиот критериум за членство во Унијата. За таа цел, а по добивањето на кандидатскиот статус во ноември 2005 година, Република Македонија

11

Page 12: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

стекна обврска да доставува годишна економска програма т.н. Претпристапна економска програма (ПЕП) што претставува документ во кој владата ги опфаќа м

акроекономските движења и проекции и детално ги образложува јавните финансии и политиките за подобрување на истите, како и структурните реформи неопходни за постигнување динамичен економски раст. Во изготвувањето на документот, посебно внимание се дава на забелешките доставени од Европската комисија, како и на приоритетите дефинирани во Пристапното партнерство 2007. Најновиот изготвен ПЕП се однесува на периодот 2008 – 2010 и е насочен кон областите кои се клучни за добивање на статусот функционална пазарна економија, односно делот кој се однесува на пазарот на труд, вклучувајќи ги активните и пасивните мерки за подобрување на вработеноста, флексибилноста на пазарот, судските реформи, каде основна цел е остварување на правна сигурност и забрзување на судските процедури, како и работата на регулаторните тела и инспекторатите. Очекувањата на владата на РМ се дека реформските активности презентирани во ПЕП 2008-2010 година ќе придонесат за интензивирање на економскиот раст и развој, како и забрзување на процесот на конвергенција со државите на Европската унија и пораст на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија.

12

Page 13: Ekonomska i Monetarna Politika Na EU

Извори од интернет:

1. http://europa.eu

13